Политика за приватност

Грижата за нашите клиенти и заштитата на нивната приватност се од суштинско значење за ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола. Нашата Политика за приватност ги објаснува видовите на податоци кои можеме да ги собереме и чуваме при посета на нашата веб страница, како и начинот на кој ги користиме тие податоци и со кого можеме да ги споделиме. Политиката исто така обезбедува информации за начинот на кој може да не контактирате ако имате прашања или сте загрижени за вашите податоци. Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и со интерните акти на нашето друштво за регулирање на оваа област.
Приоритет за Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола претставува грижата за клиентите за заштита на нивната приватност во поглед на податоците кои ни ги откриваат при користење на нашите услуги. Овие информации се наменети за запознавање на клиентите на Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола со кои сакаме да ви понудиме подетални известувања за обработка на Вашите лични податоци со цел превземање дејствија на Ваше барање пред склучување на договорот за осигурување, во врска со склучување и извршување на договорот за осигурување како и за правата кои можете да ги остварите во врска со обработката на тие податоци, сето тоа во согласност со членовите 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

1. Информации за Контролор на лични податоци и контакт податоци

Назив:  Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола

Седиште: Јане Сандански бр.15, Битола

Контакт телефон: +389 76 511 811

Веб: https://zoil.mk

Е-пошта: info@zoil.mk

2. Податоци за офицер за заштита на лични податоци

Име  и презиме: Андријана Стојановска

Е-пошта:  andrijana.stojanovska@zoil.mk zlp@zoil.mk  

Тел.број: +389 78 496 964

3. Како ги добиваме вашите лични податоци?

Личните податоци ги добиваме директно од вас. При извршување на нашите услуги, во согласност со прописите може да користиме лични и други податоци добиени од следниве извори:

• од базите на податоци на државните органи;

• од базите на податоци на даватели на здравствени услуги и сродни услуги и од Фондот за здравствено осигурување;

• од базите на податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за труд и социјална политика;

• од базите на податоци на надлежното министерство за транспорт и врски, министерството за внатрешни работи и организациите што вршат хомологација и регистрација на возила;

• други бази на податоци на одделни осигурителни компании и Националното биро за осигурување;

• државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни агенции, јавни фондови и други лица од јавно право, како и носители на јавни овластувања и даватели на јавни услуги, врз основа на писмено барање и во врска со базите на лични податоци, што тие ги водат;

• од други лица кои знаат нешто во врска со осигураниот настан (на пр. сторители на штета, оштетени, сведоци);

• јавно објавени податоци и/или бази на податоци врз основа на јавно објавени податоци;

• и од други лица, врз основа на Ваша согласност.

4. Категории на лични податоци и начин на нивно прибавување

Во базите на податоци, што ги воспоставува, води и одржува, во согласност со прописите што ја регулираат заштитата на личните податоци и осигурувањето, Акционерското друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола ги собира, чува, пренесува и користи следниве лични податоци на поединци:

• податоци што се наведени во договорот за осигурување ( понуда за склучување на осигурување односно изјава за пристапување со пополнување на изјави, полиса за осигурување, специјални писмени извештаи, во анекси и додатоци на договорот за осигурување, вклучително и прашалници);

• податоци за случаите на осигурување и за проценка на осигурителното покритие и висината на отштетата или на надоместокот за осигурување и за спроведување на постапки за регрес;

• податоци кои Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола ги добива во други комуникации со договорувачот на осигурување, осигуреникот или трети лица (на пр. при настани организирани од Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола, употреба на веб апликации, итн.);

Посебни видови лични податоци

• здравствени податоци на клиентите (како што се на пример податоци за претходни повреди, здравствениот статус, видот на телесните повреди, времетраењето на лекувањето и последиците за осигурената и оштетената страна, трошоците за медицинска нега, лековите и медицинските помагала за осигуреникот и за оштетеното лице);

• посебни видови на податоци поврзани со клиентот и врз основа на легитимниот интерес, кога во врска со исплата на регресно побарување Друштвото ќе биде известено за личните околности што го отежнуваат плаќањето на клиентот или за тоа ќе добие известување од лицата што ги овластиле (информации за финансиска, социјална или здравствена состојба).

Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола собира лични податоци преку дефинирани функционалности на информацискиот систем, на начин опишан со интерни процедури на Друштвото и користење  на деловна документација (обрасци, апликации и сл.)

Во зависност од целта на обработката и видот на договорот за осигурување, прибавувањето на личните податоци може да се изврши:

   директно од вас или вашите адвокати/полномошници/старатели/законски застапници, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување, застапници во осигурување како лиценцирани агенти или наши вработени, лизинг копании, банки, кредитни бироа и други деловни субејкти со кои имате склучен кредитен, деловен или работен однос.

    со увид на вашите документи за идентификација или вашата документација и документи или документација на предметот на осигурување

    со задржување на копија од вашите документи за идентификација или вашата документација и документи или документација на предметот на осигурување согласно законските обврски или прибавените согласности и согласно нашите интерни правила и процедури.

5. Цели на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Законот за супервизија на осигурување, Законот за облигациони односи, Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и во согласност со другите законски и подзаконски прописи што го регулираат обемот и целите на обработката на личните податоци, кои ги обработуваме како контролор.

Правните основи за обработка на податоци може да се поделат во следниве групи:

  • Исполнување на договори за осигурување
  • Исполнување на нашите законски обврски
  • Легитимни интереси
  • Легитимен интерес на трети страни
  • Ваша согласност

Главните цели на обработка на Вашите лични податоци, пред се, се: утврдување на потребите и барањата на клиентите, водење преговори за склучување договор за осигурување, склучување и спроведување на договори за осигурување, што исто така вклучува и наплата на неплатени обврски од име на договори за осигурување, решавање на штети, реализација на барања за поврат и други права и обврски, вклучително и истрага на сомнителни случаи на неправилно платени оштети или надоместоци од осигурување, коишто произлегуваат од осигурување, проценка на соодветноста и адекватноста на осигурителната услуга или производ според потребите и барањата на клиентите.

Обработката на вашите податоци врз основа на легитимните интереси на компанијата подлежи на посебни правила што ви овозможуваат во секое време да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци. Доколку се докаже основаност на Вашето барање истите нема да се обработуваат освен доколку друштвото докаже дека постои релевантен легитимен интерес за нивната обработка кој преовладува над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци за истото детално ќе ве извести.

Вие имате право да поднесете приговор за обработка на личните податоци за конкретни ситуации.

Друштвото обработува лични податоци во одредени случаи и според категоријата на лицата врз основа на одредени легитимни интереси.

• Легитимен интерес на трети страни

Обработката на вашите податоци ќе се изврши заради спречување на измама во осигурување и измама и проневера воопшто, и врз основа на легитимните интереси на другите осигурителни компании со кои разменуваме податоци за оваа намена.

Вашата изречна согласност ќе ја искористиме како правен основ за обработка на вашите податоци заради цели на реклама (маркетинг)испитување на вашето задоволство од нашата услуга, постапка за сегментација на клиентите што вклучува Ваше профилирање, по истекот на договор за осигурување.

Вашата изречна согласност, може да ја повлечете во било кој моментВашето отповикување важи за во иднина и не влијае на обработката што била извршена пред вашето отповикување.

Обезбедување на лични податоци заради превземање на активности на Ваше барање пред склучување договорот за осигурување, исполнување на обврски по договорот за осигурување, при постоење на легитимен интерес заради спречување и откривање на измама, заради исполнување на нашите законски обврски, е наша законска и договорна обврска и е услов неопходен за  склучување на договорот или исполнување на права и обврски од тој договор за осигурување. Доколку не ни ги овозможите личните податоци ние нема да бидеме во можност да ја исполниме нашата законска или договорна обврска односно нема да може да ви дадеме понуда за осигурување и да го склучиме договорот за осигурување.

6. Корисници и категории на корисници на лични податоци и обработувачи на лични податоци

Во зависност од Збирката на лични податоци за која се собираат Вашите лични податоци, пристап до Вашите лични податоци може да имаат:

  • Вработени или ангажирани лица во АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола кои се овластени да пристапуваат до Вашите лични податоци и само до степен потребен за извршување на работните задачи;
  • Вработени или ангажирани лица кај обработувачи кои во име на АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА вршат обработка на лични податоци, врз основа на Договор за обработка на лични податоци;
  • Секоја јавна институција на која АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА е обврзана да и ги достави Вашите лични податоци, како законска или договорна обврска;
  • Во одредени исклучителни ситуации, заради исполнување на законски обврски, пристап до Вашите лични податоци може да имаат и судови и други органи за спроведување на законот, регулаторни тела или правни застапници.

 

Меѓу корисниците на лични податоци, во согласност со прописите, се Националното биро за осигурување и другите осигурителни компании во обем и за целите одредени со прописите.

Вашите лични податоци исто така можат да бидат обработени од наши договорни обработувачи на лични податоци, чии договорни обврски во врска со обработката на лични податоци внимателно се контролираат (на пр. застапници за осигурување и посредници во различни организациски форми, даватели на услуги за маркетинг, печатници, даватели на индивидуални ИТ услуги, банки и лизинг компании со кои имате склучено кредитен или друг договорен однос и други).

Во рамките на законските обврски до Вашите лични податоци може да пристапат и надзорни органи и други лица, кога за тоа сте дале согласност или за пристап до податоците имаат законска основа и/или докажуваат правен интерес.

7. Колку време ги чуваме вашите лични податоци?

Друштвото ќе ги чува Вашите лични податоци во форма што овозможува ваша идентификација во рокови определни во позитивните прописи, односно во рокови определени во прописите кои ја дефинираат архивската граѓа.

Вашите лични податоци во врска со склучениот договор за осигурување ги чуваме:

     10 години по истекот на договорот за осигурување,

    во случај на настанување на штета, 10 години по затворање на случајот,

    во случај на судска постапка за наплата на неплатени обврски што произлегуваат од договори за осигурување, 10 години по завршувањето на судската постапка,

      податоците во врска со осигурен случај и за проценка на осигурителното покритие и износот на надомест на штета, односно надомест за осигурување се чуваат 10 години по завршувањето на обработката на осигурениот случај.

   во случај на обработка на вашите податоци врз основа на посебни законски обврски кои се предвидени за Друштвото, во тој случај обврските на компанијата се до истекот на посебните законски рокови за нивно чување.

АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола ги чува вашите лични податоци, кои ги обработува врз основа на ваша согласност, сè до отповикување на согласноста од Ваша страна. Истото важи и за обработка на оние лични податоци кои биле доставени за истата цел на обработка, со Ваша согласностДругите лични податоци добиени во рамките на склучување или спроведување на договор за осигурување или врз основа на закон, Друштвото ги чува до истекот на законскиот период за чување.

По истекот на роковите за чување личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола и истите нема да се обработуваат за други цели.

8. Кои се вашите права во врска со личните податоци?

Во пропишаните случаи, во врска со вашите податоци, можете да ги остварите  следните права:

      право на информација дали вашите податоци се обработуваат и ако се обработуваат информација за начинот на кој
истите се обработуваат 
(член 17 и 18 од ЗЗЛП)Рок на постапување е во моментот кога ќе отпочнеме со обработка на Вашите лични податоци;

      право на пристап до Вашите лични податоци – на Ваше барање имаме обврска да Ви дадеме детална информација за податоците што ги обработуваме за Вас (член 19 од ЗЗЛП). Рок за постапување е еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

   право на  копија од личните податоци, право на информација за  целите на нивната обработка, видовите на податоци, корисниците на овие податоци или нивните категории, предвидениот рок за чување на личните податоци и доколку е возможно критериумите  што се користат за одредување на тој период и слично.

      право на бришење податоци На Ваше барање, ќе ги избришеме податоците ако е исполнета целта заради која биле обработуваниако сте ја повлекле согласноста за обработкаако податоците биле незаконски обработувани, ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска за бришење на податоците кога веќе не постои правна основа за обработка.

Друштвото ќе ги извести другите контролори кои ги обработуваат вашите лични податоци  дека сте побарале бришење на сите линкови или копии или репородукции на личните податоци  земјајки  ја предвид достапната технологија и трошоците за спроведување.

Рок на постапување е 30 дена од денот на поднесување на барањето.

– право на корекција/исправка и ажурурање на податоците, право на дополнување на нецелосни лични податоци со давање на дополнителна изјава. Рок за постапување е 15 дена од денот на поднесување на барањето.

– право на ограничување на обработката– на Ваше барање, ќе ја ограничиме обработката на личните податоци ако ја оспорувате точноста на личните податоци, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците ви се потребни за остварување на правни барања. Рок за постапување е еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

– право на приговор врз основа на Ваш приговор, ќе ја запреме обработката на податоците ако правна основа за нивна обработка е нашиот легитимен интерес или сме вршеле нивна обработка за цели на научни или историски истражувања или статистички цели, под услов ако вашето право на приватност преовладува над нашите интереси и цели. Рок за постапување е еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

– право на преносливост на податоците (доколку е применливо), пренос на Вашите лични податоци (во случај податоците да се обработуваат врз основа на согласност или склучени со заеднички договор и со автоматизирани средства, лични податоци што се однесуваат на вас од друго лице  или барате да бидат предадени на друг контролор ). Правото на преносливост не смее да влијае негативно врз првата и слободите на другите физички лица. Рок за постапување е еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно  барањето, три месеци.

– право да добиете пристап до информацијата од каде и на каков начин се прибавени личните податоци кои истите не се прибавени директно од вас

– право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучително и профилирање, што произведува легално ефекти што влијаат врз вас или слично значително влијаат врз вас (ако е применливо). Поништување на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка, која вклучува профилирање и има правни или слични значајни ефекти врз Вас, а во исто време оваа одлука не е неопходна за склучување или реализација на договорот, односно не е дозволена во регулативата на Република Северна Македонија или не се заснова на Вашата  експлицитна претходна согласност.

– право да ја повлечете согласноста за обработка на лични податоци  за конкретни цели. Вашето отповикување важи за во иднина и не влијае на обработката што била извршена пред вашето отповикување.

Можете да ги остварите вашите права со испраќање на писмено барање до е-пошта info@zoil.mk или на адреса на Друштвото ул. Јане Сандански бр.15 Битола.

Кога имаме легитимни сомневања во врска со идентитетот на лицето кое поднесува барање за остварување на некое од неговите права, можеме да побараме од него да обезбеди дополнителни информации потребни за да се потврди идентитетот на лицето, на кое се однесуваат податоците од барањето.

9. Надлежен орган за спроведување на надзор во начинот на обработка на личните податоци

Контролата врз законитоста на обработувањето и заштитата на личните податоци во Република Северна Македонијa ја спроведува Агенцијатa за заштита на личните податоци.

Доколку сметате дека Друштвото не ги почитува законските обврски за постапување и обработка на Вашите лични податоци, може да ја контактирате Агенцијата на следниот линк https://azlp.mk/ или на адресата бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ – кат 14)

Поштенски фах:  417 1000 Скопје

Телефон за контакт: + 389 (2)3230 635       

Факс: + 389 (2) 3230 635

Е-маил: info@privacy.mk