ПРИЈАВА НА ИМОТНА ШТЕТА
Веднаш по настанување на штета на имот за истата се известува сектор за штети на тел. број 076 / 511 – 811 , од каде ќе добиете понатамошни инструкции за текот на постапката.
Во рок од три работни дена настанатата штета потребно е да се пријави на соодветен образец за  пријава на штета.
Потребни документи за поднесување на барање за надомест на штета по осигурување имот
- Пријава или потврда од МВР при пожар или кражба
 - Полиса за осигурување
 - Потврда од УХРМ за луња или град
 - Копија од трансакциска сметка на сопственикот на имот
 
Во зависност од класата на осигурување и остварениот ризик, потребни се следниве дополнителни документи:
- Осигурување од пожар и други опасности
 - Потврда за луња или град
 - Книговодствена евиденција за осигурени предмети или список на осигурени предмети
 - Записник за процена на штета
 - Записник за максимално можно покритие
 - Фактури за извршена поправка
 - Понуди за поправка на оштетен објект или предмет
 - Фактура или понуда за новонабавна вредност на оштетен предмет на ден на штета
 
– Други имотни осигурувања
- Книговодствена евиденција за осигурени предмети или список на осигурени предмети
 - Пописни листи пред и по кражба
 - Набавни фактури за украдени предмети
 - Записник за процена на штета
 - Записник за максимално можно покритие
 - Понуди за поправка на оштетен објект или предмет
 - Фактури за поправка и работни налози
 - Фактура или понуда за новонабавна вредност на оштетен предмет на ден на штета
 
– Потребни документи за обработка на ЦМР штети
- Пополнета пријава на штета од превозникот заверена со потпис и печат (преземи формулар)
 - Полиса за осигурување
 - Оштетно барање на оштетеното лице
 - Писмена изјава на возачот и неговиот помошник за причината и околностите за настанување на штетата
 - Копија од возачката дозвола на возачот
 - Копија од сообраќајните дозволи на влекачот и приколката
 - Превозни документи (товарен лист, договор)
 - Извозна царинска декларација
 - Увозна царинска декларација
 - Фактура од превозникот до корисникот на превозот за цената на превозот
 - Фактура или друг доказ за вредноста на пратката
 - Записник од полиција ако настанала сообраќајна незгода или кражба на пратката
 - Записник за оштетувањата на робата од страна на примачот
 - Записник за преглед и констатација на состојбата во која е примена стоката
 - Записник за извид и процена на висина на штетата со утврдување на причините за настанување на штетата
 - Доказ дека сте ја подмириле обврската за штетата кон оштетеното лице
 - Фотографии од возилото со кое е превезувана стоката и од состојбата на стоката при прием
 - Доказ (документ) што е направено со оштетената роба
 - Записник од надлежен санитарен инспекторат дека стоката не е за употреба доколку е целосно оштетена
 - Ако стоката е делумно или целосно оштетена, записник за нејзино уништување од надлежен орган кој ја уништувал
 - Други документи врз основа на кои може да се утврди постоење или непостоење на одговорност на осигуреникот за настанатата штета
 - Останата документација за докажување на настанатата штета и нејзината висина
 - Доказ дека побарувањето на оштетеното лице е исплатено
 - Копија од трансакциска сметка
 
– Потребни документи за обработка на штети карго/транспорт
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот заверена со потпис и печат (преземи формулар)
 - Оштетно барање на оштетеното лице
 - Полиса за осигурување
 - Фактура или друг доказ за вредноста на пратката
 - Записник за преглед и констатација на состојбата во која е примена пратката
 - Фотографии од пратката пред испраќање
 - Фотографии за состојбата на пратката при прием
 - Доказ дека побарувањето на оштетеното лице е исплатено
 - Копија од трансакциска сметкa
 
– Потребни документи за обработка на штети пожар и некои други опасности (класа 08) и домаќинско осигурување (класа 09)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
 - Изјава за случениот настан
 - Полиса за осигурување
 - Имотен лист од оштетениот објект/книговодствена картица
 - Потврда од МВР/ Потврда од ЕППЗ/ Потврда од УХМР
 - Фотографии или друг доказен материјал за случениот настан-доколку поседувате
 - Копија од трансакциска сметка
 
– Потребни документи за обработка на штети од провална кражба и разбојништво
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
 - Детална изјава од сопственикот/вработениот за извршената кражба
 - Полиса за осигурување
 - Потврда од МВР за случениот настан
 - Листа/список на украдени ствари
 - Доказ/дневен финансиски извештај за промет од денот пред кражбата
 - Лагер листа за денот пред кражбата
 - Записник за состојбата со залихите
 - Влезни фактури за стварите пријавени како украдени
 - Материјални/книговодствени картици за украдените ствари
 - Фактура за поправка на оштетените градежни делови на просториите, инсталациите и опремата во кои се наоѓаат осигурените ствари при извршување или обид на провална кражба односно разбојништво
 - Фотографии/видео снимка или друг доказен материјал во врска со извршената кражба-доколку поседувате
 - Копија од трансакциска сметка
 
– Потребни документи за обработка на штети кршење машини (класа 09)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
 - Изјава за случениот настан
 - Полиса за осигурување
 - Список на осигурана опрема
 - Книговодствена картица на оштетеното средство
 - Понуда/фактура со работен налог од сервисерот кој ја извршил поправката
 - Фотографии или друг доказен материјал за случениот настан-доколку поседувате
 - Копија од трансакциска сметка
 - Да се обезбедат услови за реализирање на контролата на поправената машина и заменетите делови
 
– Потребни документи за обработка на штети кршење стакло (класа 09 тарифа 05)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
 
- Полиса за осигурување
 - Изјава од сопственикот/вработениот за случениот настан
 - Доколку настанот е пријавен во МВР потребна е потврда од МВР
 - Фактура со работен налог за промена на скршеното стакло
 - Фотографии/видео снимка или друг доказен материјал во врска со случениот настан-доколку поседувате
 - Копија од трансакциска сметка
 
– Потребни документи за обработка на штети објекти во градба, објекти во монтажа (класа 09 тарифа 07, 08)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
 
- Изјава од сопственикот/вработениот за случениот настан
 - Потврда од МВР/ Потврда од УХМР
 - Полиса за осигурување
 - Книговодствена картица/Фактура за набавка/Имотен лист/Извод од градежна книга
 - Фактура за реализирана интервенција со налог/извод од градежна книга
 - Фотографии или друг доказен материјал во врска со случениот настан-доколку поседувате
 - Копија од трансакциска сметка
 
– Потребна документација за обработка на штети Техничка опрема
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) (преземи формулар)
 
Напомена: ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола во секој случај го задржува правото за барање, прибирање и обезбедување на друга дополнителна доказна документација да бара дополнителни објаснувања од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кои не можат да се утврдат од доставената документација.